Ураганот Лејн достигна категорија 5 додека се движи кон Хаваи, каде што би можел да предизвика поројни дождови, поплави и лизгање на земјиштето, предупредуваат метеоролозите.

Окото на ураганот би требало да биде лоцирано многу блиску или дури и да помине над главните острови на Хаваите меѓу четвток и сабота, соопштуваат од Националниот центар задолжен за надзор на ураганите во Хонолулу.

Лејн е пропратен со ветришта кои би можеле да достигнат брзина од 260 километри на час.

Од вечерва се очекува пороен дожд, кој со себе би можел да донесе и поплави и лизгање на земјиштето.

Хаваите во август веќе беа погодени од ураганот Хектор, кој достигна категорија 4.