Фото: Маја Јаневска-Илиева

Потенцијално рекорден топлотен бран се очекува да ја зафати континентална Европа следната недела, со температури во Германија и Шпанија кои ќе го надминат 32 степен, а во некои делови се очекува и температура повисока од 40 степени.

Комбинацијата од бурата која застана над Атлантскиот Океан и високиот воздушен притисок над централна Европа ќе повлече многу топол воздух од Африка кон север, предизвикувајќи „потенцијално опасен“ топлотен бран над поголемиот дел од западна и централна Европа, велат од „Акуведер“.

Според метеоролозите, градовите од Мадрид до Берлин, вклучувајќи ги и Париз, Брисел и Франкфурт ќе почувствуваат повеќедневен топлотен бран во првата половина на неделата, со слични температури од 32 степени или повисоки источно во градовите како Виена, Букурешт, Будимпешта, Белград и Софија.