Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на јапонскиот остров Хоншу, но сè уште не е издадено предупредување за цунами, објави јапонската агенција за метеорологија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на округот Ибараки, кој се граничи со Токио на длабочина од 20 километри во океанот.

Засега нема податоци за можна штета, но земјотресот го почувствуваа и жителите на неколку области – Токио, Чиба, Ибараки и Фокушима.