Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала рано утрово го погоди Егејското Море, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Епицентарот на земјотресот бил во западната провинција Измир, на длабочина од 3,97 километри.

Регистриран бил и последователен земјотрес со јачина од 4,3 степени на длабочина од 7,16 километри.