Земјотрес со магнитуда од седум степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Енкориџ, најголемиот град во американската сојузна држава Алјаска.

Американската сеизмолошка служба соопшти дека епицентарот на земјотресот што ја погоди Алјаска во раните утрински часови по локално време бил на околу 12 километри северно од Енкориџ.

Засега нема информации за жртви, иако новинар на АП соопшти дека забележал пукнатини на објектот во кој работи во Енкориџ.

АП јавува дека луѓето панично бегале и по земјотресот останале на улиците.

Набрзо било издадено предупредување и за цунами за јужното крајбрежје на Алјаска.

Други детали засега нема.