Силен земјотрес со јачина од 7 степени го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт.

Индонезиската Агенција за геофизика издаде предупредување на цунами, пренесе „Ројтерс“.

Индонезиските власти ги повикаа луѓето кои живеат во близина на брегот итно да се евакуираат.

Епицентарот на земјотресот бил на 227 километри од градот Телук Бетунг, а се случил на длабочина од 59 километри.

Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.