Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди брегот на Чиле, а засега нема извештаи за можни жртви и причинета штета, објави агенцијата АП.

Геолошкиот завод на САД соопшти дека епицентарот на земјотресот, кој се случил синоќа, бил на длабочина од 10 километри, околу 80 километри северно од градот Кокимбо.

Властите во Чиле објавија дека епицентарот на земјотресот бил под површината на океанот и дека не е издадено предупредување за цунами.