Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди западниот брег на Австралија. Како што соопшти Агенцијата за геолошко истражување на Австралија, земјотресот го погодил брегот во местото Брум.

Подводниот земјотрес се случил во 3.39 часот по локално време на брегот помеѓу Порт Хедланд и Брум, во Индискиот Океан.

Засега нема извештаи за евентуалните жртви или штети. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 203 километри од брегот.