Фото: Илустрација

Земјотрес со јачина од 6,7 степени е регистриран на 282 километри северозападно од Курилските острови, во океанот во близина на Далечниот исток, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Засега не е издадено предупредување за цунами, ниту, пак, има информации за настрадани или штети.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 470 километри.