Фото: Илустрација

Земјотрес со јачина од 5,8 степени е регистриран доцна синоќа во Средоземното Море, недалеку од грчкото крајбрежје, објави денес Медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу 240 километри југозападно од грчкиот регион Метони во Пелопонез, на длабочина од 10 километри, пренесува „Ројтерс“.

Засега нема податоци за човечки жртви или материјална штета.

Од почетокот на мај, Грција, поточно грчкиот остров Крит го погодија неколку земјотреси, од кои последниот, со јачина од 4,4, се случи вчера.

Според сведочењата од веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван во неколку медитерански земји, а во Хрватска го почувствувале жителите на Дубровник, иако градот е оддалечен 846 километри од епицентарот.