Најмалку две лица загина, а 29 се повредени во земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер, што ја потресе кинеската провинција Сечуан. Како што пренесува ЧТВ, две повредени лица се наоѓаат во критична состојба. Во потресот уништени се 17 куќи, а над 200 се оштетни.

Во тек е акција за потрага и спасување на преживеани, пренесува ТАСС.

Епицентарот на потресот се наоѓа на длабочина од 10 километри, на околу 141 километар од градот Ченгду.