Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтерова скала вчера беше регистриран во близина на брегот на американската држава Алјаска, соопшти американскиот Геофизички институт.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 1.626 километри југозападно од градот Анкориџ, со население од околу 299.000 жители и на длабочина од 35,1 километар под површината на земјата.

Засега нема податоци за опасност од цунами.