Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот коронавирус кој се шири од Кина.

Доколку тоа се случи, ќе биде шести пат да се прогласи вонредна ситуација на меѓународно ниво во последната деценија, објави синоќа „Ројтерс“.

– Оваа одлука ја сфаќам исклучително сериозно – рече директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејисус.

Во меѓувреме, бројот на смртни случаи од коронавирусот во Кина се зголеми на 17, со потврдени 571 случаи.