Над еден милион луѓе во светот секојдневно се заразуваат со сексуално преносливи болсети, а најмногу загрижува стапката на заразени со кламидија, гонореја, трихономијаза и сифилис, објави Светската здравствена организаицја.

Поголем дел од инфекциите се излечиви и можат лесно да се спречат, но одделни болести, особено гонорејата, развиле посебно отпорни облици кои се потешко се лечат со антибиотици, се наведува во извештајот на СЗО.

– Сексуално преносливите болести се насекаде. Тие се повообичаени отколку што мислиме – вели Теодора Ви, од одделот за репродуктивно здравје на СЗО.

Извештајот, втемелен на последните достапни глобални податоци од 2016 година, покажува дека меѓу мажите и жените на возраст од 15 до 49 години, се појавиле 127 милиони нови случаи на кламидија, 87 милиони на гонореја, 6,3 милиони на сифилис и 156 милиони случаи на трихомонијаза.

Сексуално преносливите болести се постојана ендемска здравствена закана во повеќе делови во светот и значајно влијаат на здравјето на луѓе, наведува СЗО.