Ковид-19 и грипот ги имаат истите симптоми и се шират слично, но меѓу нив има значителни разлики. Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адхан Гебрејесус, истакнува дека најголема разлика е во бројот на починати лица, бидејќи смртноста кај коравирусот е поголема.

Геберјесус вели дека е разбирливо оти луѓето се исплашени затоа што стравот е природен одговор на секоја закана, особено на онаа којашто не ја разбираме целосно. Сепак, тој додава дека колку повеќе информации добиваме, толку повеќе го разбираме овој вирус и болеста што ја предизвикува.

И новиот коронавирус и грипот предизвикуваат респираторни заболувања и се шират на ист начин, но меѓу нив има важни разлики.

Некои од најважните се дека новиот коронавирус предизвикува потешки последици од сезонскиот грип, потешко се пренесува и потешко се открива, но може да се спречи неговото ширење.

На глобално ниво, околу 3,4 проценти од пријавените случаи на „Ковид-19“ починале, додека сезонскиот грип убива околу еден процент од заразените.

Вакцината е во фаза на развој и не можеме да го запреме Ковид-19 без да ги заштитиме здравствените работници, рече директорот на СЗО.

СЗО испорача скоро половина милион комплети лична заштитна опрема во 27 земји, но снабдувањето брзо се троши и цените растат, предупредува извршниот директор.

Затоа, оваа организација препорачува сеопфатен пристап и апелира на солидарност.