Фото: СЗО

Епидемијата на новиот коронавирус, ковид-19 го достигна тоа ниво што може да се нарече пандемија, соопшти Светската здравствена организација на денешниот дневен брифинг.

СЗО ја дефинира пандемијата како ситуација во која „целото светско население може да биде изложено на инфекцијата и потенцијално, дел од луѓето да се разболат“, вели нејзиниот директор за итни ситуации Мајкл Рајан.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, вели дека има повеќе од 118.000 заразени во 114 земји, а животот го загубиле 2.929 луѓе. 

– Пандемијата не е збор што се користи лесно или безгрижно. Тоа е збор што, доколку се злоупотреби, може да предизвика неразумен страв или неоправдано прифаќање дека борбата е завршена, што доведува до непотребно страдање и смрт. Опишувањето на ситуацијата како пандемија не ја менува проценката на СЗО за заканата од овој коронавирус. Не го менува она што го прави СЗО и не го менува тоа што треба да прават државите – вели Гебрејесус