фото: илустрација

Руски авион бомбардер од типот Ту-22М3 се урна денеска при слетување на аеродором во реонот на градот Мурманск, при што загинаа двајца од четворицата членови на екипажот на леталото, соопштија полициски извори, а пренесе МИА.

Според истите извори, авионот Тупољев-22М3 се урнал при обидот да слета на аеродромот во Оленогорск во регионот на Мурманск, околу 13.40 часот по московско време (11.40 по средноевропско време).

Според првичните сознанија, загинале копилотот и операторот на авионот, додека пилотот и навигаторот ја преживеале несреќата и се пренесени в болница, но засега не е позната нивната здравствена состојба.

Нема информации за причините за уривањето на авионот.

Во време на несреќата реонот околу аеродормот во Оленогорск бил зафатен од снежно невреме.