Двајца пилоти загинаа кога пакистанскиот воен авион се урна во близина на воздушната база, соопшти портпаролот на пакистанските Воздушни сили.

Авионот „ФТ-7“ се урна за време на рутинска мисија за обука, во близина на областа Мијанвали.
Портпаролот додаде дека истражна комисија ќе ја испита причината за несреќата, пренесува „Ројтерс“.