Авион од типот „Боинг 737“ на компанијата „Кубана де Авиасион“ се урна денеска набрзо по полетувањето од хаванскиот аеродром „Хозе Марти“.

Како што јави Си-Ен-Ен, авионот бил на лет кон Гвајана, а во него се наоѓале 107 патници и членови на екипажот.

Според американската телевизија, во несреќата има жртви.