Воен транспортен авион Боинг 707 се урна денеска поради лошите временски услови западно од иранскиот главен град Техеран, при што загинале 15 од вкупно 16 луѓе што се наоѓале во леталото.

Инженерот на летот го преживеал падот и е префрлен во болница, објави војската.

Авионот се урнал во близина на аеродромот Фат, во близина на Катаџ во централната иранска покраина Алборз.

– Товарниот авион Боинг 707 што превезувал месо од Бишкек во Киргистан, денеска имал принудно слетување на аеродромот Фат…инженерот на летот е превезен во болница – соопшти војската.

Авионот се излизгал од пистата за време на слетувањето и се запалил откако удрил во ѕид на крајот на пистата.