Најмалку 90 луѓе, меѓу кои има и деца, останале заробени под урнатините на зграда со 40 станови којашто се урна во индискиот град Махад, јужно од финансискиот центар Мумбаи, соопшти полицијата.

Властите велат дека спасувачите успеале да извлечат 28 лица, но се уште не е потврдено дали има загинати или повредени, пренесува „Ројтерс“.

На фотографиите од местото на настанот се гледа дека станбен комплекс на пет ката со 40 станови е целосно уништен.

Причината за урнувањето на зградата, што се случило среде силен монсунски дожд, сè уште не е позната, но се појавија контрадикторни информации за тоа колку години е стар објектот. Според некои, зградата била изградена пред шест години, додека други тврдат дека е стара 60 години, пренесува „Хиндустан тајмс“.