Во Виена дојде до уривање на петкатна зграда по експлозија на гас, пренесуваат локалните медиуми. Во експлозијата најмалку 10 лица се повредени, од кои неколку потешко.

Полицијата и противпожарните екипи се на улица, а стигнуваат и возила на итна помош, бидејќи не се исклучува поголем број на жртви.