Десет луѓе се заробени под урнатините, а 13 се спасени откако се урна деловна зграда во Малатија, источна Турција.

– За време на несреќата, малку пред 17 часот, околу 20 луѓе беа во зградата – изјави гувернерот на провинцијата Малатија, Ајдин Барус.
Сè уште не е позната причината за уривањето на зградата, а според локалните медиуми врз објектот се извршувале градежни работи.

Локалните власти соопштија дека продолжува потрагата и спасувањето на лицата под урнатините.