Руски воен хеликоптер „Ми-8“ се урна кај Клин во московскиот регион. Сите членови на екипажот починаа од повредите. Хеликоптерот се урнал на околу 20 километри од градот Клин, на северозападниот дел од Москва. Тој паднал во напуштена област.

Екипажот во хеликоптерот, во кој имало инструктори по летање и група практиканти, се здобил со сериозни повреди и никој од нив не преживеал, потврди руското Министерство за одбрана.

Хеликоптерот изведувал редовен тренинг-лет кога се случил инцидентот. Првичните претпоставките се дека несреќата настанала поради технички дефект. Специјална истражна група на главната команда на воздухопловните сили ги истражува причините за несреќата.