Американски воен авион Ф-16 се урна додека се обидувал да слета на аеродром во Аризона, соопштија претставници на воздухопловната база Лук.

Пилотот се катапултирал и не е потешко повреден.

Авионот извршувал тренажен лет.

Други детали не се соопштени.