Американски воен авион Ф/А-18Е се урна во близина на Долината на смртта во Калифорнија, пришто поведени се седум посетители на паркот, додека судбината на пилотот и понатаму е непозната. Пилотот бил на редовна мисија, пренесува „АП“.

На местото на несреќата кај Националниот парк се наоѓаат спасувачки екипи кои го пребаруваат теренот, источно од воздушната база во Калифорнија.

Причината за падот на авионот не е позната.