Американски борбен авион Ф/А 18 се урна денеска во морето североисточно од крајбрежјето на Филипините, а обата пилота се спасени, соопшти морнарицата на САД.

Во соопштението се наведува дека авионот се урнал поради механички проблеми при рутинска операција во Филипинското Море.

Авионот бил стациониран на носачот на авиони „Роналд Реган“.