Пилот и тројца патници на авион „цесна“ 182А загинаа кога леталото се урна на локален аеродром во областа Емануел, во американската држава Џорџија, соопштија локалните власти.

Еден од патниците преживеал и е префрлен во болница.

Авионот бил во сопственост на еден падобрански центар и сите патници носеле падобранци кои не биле отворени кога итната служба пристигнала на местото на инцидентот.

Федералната воздухопловна агенција соопшти дека авионот се урнал веднаш по полетувањето околу 14 часот по локално време.

Започната е истрага за причината за уривањето на авионот.