Транспортниот авион Л-410 „Турболет“ со повеќе од 20 падобранци се урна во близина на градот Мензелинск во руската република Татарстан, пренесуваат руските медиуми.

Според првите информации, 16 лица се загинати во авионската несреќа, а седум од нив се повредени, изјави за медиумите службеник на Министерството за вонредни состојби.

Министерството за вонредни состојби потврди дека во авионот имало 23 лица, пренесе агенцијата РИА.