Најмалку четири лица загинаа при бродолом во Индонезија, а спасувачките екипи се во потрагата по 31 лице кои се водат за исчезнати.

На рибарскиот брод имало 37 луѓе, а досега се пронајдени четири безживотни тела, додека двајца се спасени.

Портпаролот на индонезиската Агенција за потрага и спасување изјави дека напорите за спасување ќе траат во следните четири дена, поради плимата и силните ветрови.