Најмалку 20 лица беа повредени денеска во судир на воз и камион во Рендсбург во северна Германија.

На самото место се членови на спасувачки служби, според британски „Метро“.

Едно лице е во животна опасност, девет се сериозно повредени, додека 10 лица се полесно повредени.

Возот сообраќал на релавијата Хамбург-Фленсбург.