Танзаниските власти стравуваат дека во денешната бродска несреќа што се случи на езерото Викторија загинале над 200 луѓе.

Досега потврдена е смртта на 42 лица, а стотици патници се спасени. На бродот имало над 400 патници, далеку над максималниот капацитет.

Спасувачката акција е стопирана до утре.

Се уште не е позната причината за превртување на бродот во езерото Викторија, во близина на градот Мванза.

Бродските несреќи се честа појава на езерото Викторија, каде сопствениците на бродовите не ги запазуваат стандардите за пловидба.