Најмалку 17 луѓе загинаа откако автобус се преврте во југоисточен Бразил, соопшти локалната противпожарна служба.

Според информациите, во автобусот имало 40 патници. Несреќата се случила на околу 180 километри од Сао Паоло.

Се уште не е позната причината за несреќата, а на место се спасувачки екипи и полиција.