Фото: Шведска амбасада/Твитер

Шведскиот парламент денеска ја избра Магдалена Андерсон, претседателката на Социјалдемократската партија, за нов премиер, со што стана првата жена на чело на шведската влада во историјата на земјата.

Андерсон е избрана да го замени Стефан Левен на позицијата лидер на партијата и премиер, кој ги напушти тие две функции на почетокот на годинава, пренесуваат агенциите.

Поранешната министерка за финансии, исто како и денес, ќе се соочи со првата криза бидејќи, најверојатно, ќе биде отфрлен владиниот предлог-закон за буџетот, оценува „Ројтерс“.