Независноста на Каталонија ја поддржуваат 41,9 отсто жители на шпанската покраина, додека 48,8 проценти се против, според анкета на каталонскиот Центар за истражување на јавното мислење.

Анкетата била спроведена од 16 септември до 7 октомври, пред да бидат осудени каталонските сепаратисти, а испитаниците одговорале на прашањето „Дали сакате Каталонија да биде независна држава?“, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Анкетата покажа дека бројот на оние кои бараат отцепување од Шпанија опаѓа, бидејќи пред референдумот во 2017 година за самостојност биле 48,7 проценти од анкетираните.