На Фондот за компензација на жртвите од терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД му недостигаат пари и во иднина компензациите ќе бидат пониски за 50 до 70 отсто.

Директорката на тој фонд, Рупа Батачарја изјави дека е свесна колку ситуацијата не е фер, но истакнува дека префереира сите да добијат некоја сума пари наместо одделни жртви да останат без компензација.

Околу 40.000 луѓе се пријавени за компензација, а околу 19.000 барања и понатаму се разгледуваат. Од тој федерален фонд досега се исплатени пет од 7,3 милијарди долари.