Ураганот „Флоренс“ од прва категорија, кој може да нанесе директен удар на подрачјето на Северна и Јужна Каролина до регионот Централен Атлантик, продолжува да јакне, ураганот „Хелен“ добива на сила над источниот дел на Атлантскиот Океан, додека ураганот „Ајзак“ се приближува до Карибите.

Ураганот „Флоренс“ премина во ураган од категорија тропска бура, а до вечер брзината на ветрот се очекува да достигне до 140 километри на час.

Американскиот Национален центар за урагани оцени дека ураганот ќе остане екстремно опасен и оти во четврток ќе се приближи до бреговите на САД.

Јакнењето на ураганот „Хелен“, кој во моментов се наоѓа на околу 320 километри југозападно од Зеленортските Острови, се очекува во следните денови, со максимална брзина на ветрот од 140 километри на час.

Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека се приближува и ураганот „Ајзак“, кој ќе биде петти ураган во сезоната на урагани на Атлантикот во 2018 година.

Ураганот сега е на околу 2.100 километри источно од островскиот архипелаг Виндворд, со максимална брзина на ветрот од 120 километри на час. Тој се движи кон запад и се очекува да се интензивира.