Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск при што се повредени три лица, соопшти извор на службата за итни случаи.

-Според првичните податоци, пожарот ја зафатил првата единица за напојување. Од горната палуба е видлив густ облак од црн чад – соопштил изворот, пренесува ТАСС.

Чадот им предизвикува потешкотии на пожарникарите кои се обидуваат да го изгаснат пожарот, а се верува дека тој настанал поради непочитување на правилата за безбедност при поправка.

Ремонтот на рускиот носач, кој беше користен во руската воена кампања во Сирија за поддршка на сирискиот претседател Башар ел Асад, започна минатата година.

„Адмирал Кузњецов“ во моментов е единствениот активен руски носач на авиони.