Повеќе од десет торнада го погодија подрачјето на Канзас и Оклахома во САД, јавуваат медиумите.

Според истите извори, серија торнада на западот на САД вчера беше кратка и предизвика помала штета.

Сезоната на торнада во САД започнува кон крајот на април и трае до почетокот на јуни, па жителите на Оклахома, Тексас, Мисури и Канзас сė уште не можат мирно да спијат.