Повеќе од 150 земјотреси се регистрирани долж границата меѓу Калифорнија и Мексико, а најсилниот потрес бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, објавија денеска американските медиуми.

Потресите биле со епицентар во рурална област во близина на езерото Салтон, во јужна Калифорнија, посочиле од американскиот сеизмолошки институт, а објави Си-ен-ен.

– Регистрирани се 152 земјотреса од различни магнитуди – рече сеизмологот Пол Карузо, кој додаде дека областа не е густо населена.

Засега нема податоци за повредени или евентуална материјална штета.