Поранешниот американски претседател Доналд Трамп уште еднаш избегна осуда од Сенатот, кој што официјално гласаше за негово ослободување од обвинението за поттикнување бунт на неговото второ судење за отповикување.

Со 57 наспроти 43 гласа, на Сенатот му недостигаа 10 гласа за да го осуди поранешниот претседател.

Седум републиканци им се придружија на сите демократи во гласањето за осуда на Трамп, но тоа не беше доволно за тој да се прогласи за виновен. Сега Трамп може ако сака пак да се кандидира за претседател.

Според „Гардијан“, иако на Сенатот му недостигале 10 гласа за да го осуди Доналд Трамп, сепак, вреди да се напомене дека ова е најдвопартиското гласање за импичмент во историјата на Сенатот.

Гласањето во Претставничкиот дом минатиот месец беше исто така најдвопартискиот претседателски импичмент во историјата на САД.