Сопственикот на Фејсбук Марк Закерберг, пред да се појави на испрашување во Конгресот на САД, своето сведочење го подготвуваше заедно со адвокатска фирма од Вашингтон. Нивната намера била да го подготват Закерберг за сите непријатни прашања кои би можеле да му бидат поставени од страна на сенаторите.

Меѓутоа, Закерберг подобро би се подготвил за сведочењето доколку би разговарал со своите баба и дедо или некои од своите повозрасни роднини, пишува „Индипендент“.

Имено, во текот на испитувањето во кое учествуваа 44 сенатори од два различни одбора, можеше да се забележи дека тие слабо ја разбираат тематиката за која се расправаше. Некои од нив дури изгледаа и како да немаат поим за што станува збор.

Сенаторот Орин Хач, 84-годишен републиканец од Јута, го прашал Закерберг за можноста на услугата која се плаќа, а која на корисниците би им овозможила да го користат Фејсбук без реклами. Закерберг на тоа му одговорил дека Фејсбук за корисниците секогаш ќе биде бесплатен. Сето тоа го збунило сенаторот Хач кој се запрашал како тогаш воопшто заработуваат ако услугата е бесплатна.

-Господине, ние огласуваме реклами-одговорил Закерберг. На што сенаторот само кратко рекол „Аха, разбирам“.

Сенаторката од Јужна Каролина Линдзи Греам, му поставила прашање на Закерберг за улогата на Фејсбук во злоупотребата на платформата во Мјанмар, но подоцна се покажало дека не е запознаена со основните термини затоа што го прашала дали Фејсбук држи монопол. Дури направила споредба на социјалната мрежа со автомобилите.

-Ако купам Форд и тој не работи правилно и јас не сум задоволен со тоа, може да си купам Шеви. Но што да правам ако не сум задоволен од Фејсбук? Кој е еквивалентен производ кој би можел да го користам?-прашала сенаторката Греам.

Републиканецот од Мисури, Рој Блант, прашал дали пријателите на Фејсбук се навистина пријатели, а го спомнал и неговиот внук Чарли, кој е корисник на Инстаграм. Поставил и прашање кое најверојатно му го подготвиле неговите советници, имено го интересирала можноста за меѓународно следење на уредите дури и кога уредите не се користат за пристап до Фејсбук.

-Постојат некои потадоци кои ни се потребни за да можеме да ви обезбедиме услуга. Но на ова прашање подетално би ви одговорил подоцна-одговорил Закерберг.

Едно од најтешките прашања го поставила претставничката на демократите Марион Кентвел, една од ретките со некои технички познавања.

Ја интерерирало дали компанијата „Палантир“ користела податоци од Фејсбук, на што Закерберг одговорил дека не знае. Сенаторката не нагласила дека главен финансиер на „Палантир“ е еден од членовите на управниот одбор на Фејсбук.

Интересно е тоа што никој од сенаторите не го прашал Закерберг дали на Фејсбук му треба некаков државен надзор. Единствено тие биле задоволни кога сопственикот на Фејсбук рекол дека е подготвен да помогне околу изготвувањето на законите за социјално право и безбедносните прашања.