Семејствата на кинеските патници во малезискиот авион што пред четри години исчезна на лет од Куала Лумпур до Пекинг, не го прифаќаат извештајот за исчезнувањето на леталото и бараат започнување нова истрага за случајот. 

Околу 100 членови на семејствата на жртвите се собраа во Пекинг на средба со главиот истражител за случајот Кок Су Чон, кој им го презентираше извештајот, што го подготви 19-член меѓународен експертски тим.

Во извештајот се потврдуваат проценките на Малезија дека авионот бил намерно пренасочен и летал седум часа во друг правец, по што дошло до прекин на комуникациите со него.

По ова авион исчезна над Индискиот Океан и му се губи секаква трага, но во документот се посочува дека причините за исчезнувањето не можат да се утврдат се додека не бидат пронајдени остатоците од леталото и црните кутии.  

Некои од приустните на средбата со Кок, незадоовлни од содржината на извештајот, извизвикуваа дека никогаш нема да се откажат, додека не ги најдат своите роднини.

Меѓу 227-те патници на исчезнатиот авион на „Малезија Ерлајнс“, 152 беа кинески државјани.