Фото: Г20/Твитер

Заедничката фотографија на која светските лидери традиционално се заедно на почетокот на секој самит Г20, беше во фокусот на јавноста поради тензичната атмосфера за време на нивниот вчерашен собир во Рим, пренесува „Гардијан“.

Кога австралискиот премиер Скот Морисон пристигнал во Рим, локалните медиуми известија дека американскиот претседател Џо Бајден му се извинил на францускиот претседател Емануел Макрон поради претставувањето на безбедносниот пакт АУКУС во кој се Австралија, Обединетото Кралство и Австралија, а кој не наиде на одобрување од Франција.

Новинарите кои го следеа фотографирањето од прес-центарот на самитот, имаа можност да видат дека Макрон и Бајден срдечно се поздравиле, додека на спротивната страна стоел Морисон, кој не го вклучиле во разговорот, односно со кој немале контакт за време на собирот.

Портпарол на кабинетот на Морисон соопшти дека австралискиот премиер се нашол во присуството на Макрон во Рим, а самиот Морисон одговори дека при нивната средба му посакал „добар ден“ на францускиот лидер.

Од кабинетот на Морисон инсистираа и дека австралискиот премиер му пришол на Макрон, по што тие со задоволство размениле неколку зборови, што било забележано и од официјалната фотографска служба на Морисон. „Гардијан“, сепак, изнесе впечаток дека на следните фотографии кои биле објавени, се забележува не баш срдечен однос помеѓу Макрон и Морисон во пресрет на заедничкото фотографирање. Морисон и Макрон имале и краток телефонски разговор во пресрет на доаѓањето во Рим.