Седум лица загинаа, а двајца се повредени, во судир на мал туристички авион и хеликоптер над италијанскиот дел на Алпите.

Судирот се случил над регионот Аостинска Долина, на висина од околу три километри.

Хеликоптерот пренесувал скијачи, а авионот доаѓал од Франција и во него биле инструктор за летање и двјца ученици на обука на пилоти.

Засега не е јасно кои се причините за несреќата.