Четворица од десет жители на Северна Кореја се соочуваат со недостиг на храна, а распределувањата на прехранбени ресурси дополнително ќе се истенчува поради една од најсиромашните жетви кои ја погодија Северна Кореја, пренесува „Ројтерс“.

– Според извештаите на Обединетите Нации, секој жител го следуваат само 300 грама храна дневно, а околу десет милиони жители на оваа земја живеат и се соочени со кризата поради жетвата, информира Харве Верхусел, портпарол на Светската програма за храна на Обединетите Нации. 

Популацијата на Северна Кореја брои околу 25 милиони жители, а последен пат се соочија со слична криза во 90-тите години на минатиот век кога поради глад се верува дека починале околу три милиони луѓе. Верхусел за сиромашната жетва ги наведе сушите и поплавите како главна причина. Од Стејт департментот на САД како причина за гладта ја наведуваат нуклеарната програма на Северна Кореја. 

– Овој режим ги експлоатираше, изгледни и запостави своите граѓани со цел да напредува со нивната незаконска нуклеарна програма и оружје – изјави портпаролка на Стејт департментот, наведувајќи дека проблемот може да биде решен доколку се редистрибуираат државните фондови.

Северна Кореја со години се потпира на Обединетите Нации за набавување на резерви со храна.