Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата во Сеул, без да даде прецизни детали.

Северна Кореја неодамна спроведе неколку тестови, вклучително и тест на ракета со голем дострел, како и тест на проектил за кој Пјонгјанг рече дека е хиперсоничен.

Северна Кореја го зајакна воениот арсенал и покрај меѓународните санкции воведени поради нуклеарно оружје и балистички ракети, пишуваат медиумите во светот.

Минатата недела севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун го обвини Вашингтон за тензиите, додавајќи дека САД се основната причина за нестабилност на Корејскиот Полуостров.