Северна Кореја кон крајот на овој месец ќе го затвори и уништи полигонот за нуклеарно тестирање.

Зависно од временските услови, уништувањето на полигонот ќе се спроведе меѓу 23 и 25 мај, со цел да се одржи ветувањето дека Пјонгјанг ќе прекине со нуклеарните тестирања.

Предвидено е тој настан да биде симболичен и драматичен, со што ќе постави основа за средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп, која е закажана за 12 јуни во Сингапур.

Севернокорејското Министерство за одбрана наведува дека сите тунели на полигонот Пунгери ќе бидат уништени со експлозиви, а ќе бидат отстранети и набљудувачките и истражувачки објекти, како и копнените единици.