Северна Кореја испука два неидентификувани проектили во морето, соопштија вооружените сили на Јужна Кореја.

Јужнокорејските власти кажаа дека ракетите биле истрелани од севернокорејската провинција Јужен Пјонган во вторникот наутро кон водите на нејзиниот источен брег.

Не се дадени други детали, пренесува АП.

Лансирањето се случи неколку часа откако Северна Кореја рече дека сака да се „врати на нуклеарната дипломатија со САД“ на крајот на септември, ако Вашингтон дојде на преговарачката маса со нови, прифатливи предлози.