Русија ги обвини САД за намерно предизвикување на серија прекини на електричната енергија во Венецуела, кои според нив се дел од планот за уривање на власта на претседателот Николас Мадуро наречен „Блекаут“ (затемнување), пишува во британски „Гардијан“.

Јужноамериканската земја се соочува со тешка криза во изминатиот период, а од 7 март годинава во Венецуела често се случуваат и со прекинувања на доставувањето на електрична енергија. Владата на Мадуро обвини дека лица од поддржани од САД на различни начини ја прекнуваат струјната мрежа, но поголемиот дел од експерти сметаат дека проблемите се поради лошо одржување и пожар кој уништил дел од бандерите на Венецуела.

Во интервју за руски „РТ“, сепак, рускиот министер за одбрана Александер Фомин ја поддржа верзијата на настаните на Мадуро.

Фомин во интервјуто посочил дека Вашингтон не сакал веднаш да спроведе воена операција против Мадуро, поради стравување дека народот ќе застане зад него, а што би ги вознемирило и другите влади во Јужна Америка.

– САД не е земја која седи настрана. Сосема спротивно, тие искористија различни видови на техники во обидите да го урнат Мадуро од позицијата, вклучувајќи и намерно исклучување на струјата во Венецуела. Операцијата „затемнување“ е во тек – рекол Фомин.

Од друга страна, како што пренесува „Гардијан“, руските твдења се длабоко контрадикторни поради широкиот консензус кај експертите и ривалите на Мадуро, кои сметаат дека авторитарниот водач и наследник на Хуго Чавез и неговата власт, се директно одговорни за кризата со достапноста на електричната енергија која создаде сериозни проблеми за милиони Венецуелци.

Точно три месеци откако започна притисокот врз Мадуро да ја напушти претседателската фотелја, од 23 јануари, тој останува претседател на земјата и продолжува да добива поддршка од Русија и од Кина.

Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо пак, кој е признат како привремен претседател на земјата од поголем дел од влијателните западни нации, минатата недела започна да го подготвува, како што изјави тој, најголемиот марш во историјата на Венецуела за 1 мај, во обид да го оддржи притисокот врз власта во време кога неговата кампања губи на сила, завршуваат од „Гардијан“.